Кај ТВ водителката и инфлуенсерка Марјана Станојковска ништо не е случјано, па дури и кога навидум изгледа дека одмара, таа всушност работи.
Стартот на оваа зима го започнува од Копаоник каде е работно како инфлуенсерка, ужива ама и го рекламира хотелот и се’ она што истиот го нуди.
Понудата за престој ја покажува до детаљ и сугерира што се’ ќе имате прилика да добиете ако ја изберете варијаната која таа моментало ја густира.
А уживањето овој пат и е посебно бидејќи доживувањето е како ниедно друго поради придружбата која ја има до себе.
Марјана никогаш не покажува во чија придружба е, ама овој пат без двоумење откри дека тоа е нејзниот четириножен крзнен миленик.
Хотелот каде претстојува е „пет френдли“, односно дозволува да носите милениче со вас, па Марјана ја искористи ваквата прилика.
Копаоник е под снег како во бајка, а Марјанче на големо ја стартува зимската сезона со позитивна енергија.
Набиените „стори“ објави веќе се редат на нејзиниот профил, а со оглед дека само што пристигна, допрва снежно ќе „бомбардира“.
фото:instagram printscreen/marjanamay