Радио Милева баба и внук

Марија Шерифовиќ покажа колку љубов владее во нејзиниот дом

Марија Шерифовиќ покажа колку љубов владее во нејзиниот дом

Пејачката Марија Шерифовиќ сподели емотивна фотографија на која се гледа нејзината мајка, Верица Шерифовиќ како ужива во друштво на внукот Марио.

Со оваа објава на социјалните мрежи, Марија уште еднаш покажа колку љубов владее во нивниот дом.

Марија стана мајка на крајот од 2023 година, а оттогаш често споделува емотивни моменти од семејниот живот. На фотографијата, малиот Марио нежно ја бакнува својата баба, додека Верица не ја трга насмевката од лицето – глетка што веднаш ги разнежи следбениците.

Фановите во коментарите напишаа дека ваквите фотографии покажуваат колку е силна семејната врска меѓу трите генерации. Многумина истакнаа дека Марио расте опкружен со љубов и внимание, што се гледа и од искрените насмевки на фотографијата.

Пејачката порача дека токму ваквите моменти ѝ се највредни и дека мајчинството ѝ донело нова среќа и мир. Семејната атмосфера во домот на Шерифовиќ уште еднаш ја освои јавноста.

фото: You Tube printskrin/ blic tv MARIJA SERIFOVIC/ Instagram/ serifovic

To top