Радио Милева куќна слава

Македонската „кралица на бакшишот“ има широка душа и лесна рака: Марија Луиса Тодоровска на сопствената куќна слава со банкноти ги китеше свирачите додека заводливо „мешаше“ чочек качена на столица (ВИДЕО)

Македонската „кралица на бакшишот“ има широка душа и лесна рака: Марија Луиса Тодоровска на сопствената куќна слава со банкноти ги китеше свирачите додека заводливо „мешаше“ чочек качена на столица (ВИДЕО)

За неа се знае дека музички феномен… Кафеанска „кралица на бакшишот“ на која ретко која друга фолкерка во Македонија може да и парира, кога е екстра заработувачката во прашање. Се разбира, зашто Марија Луиса Тодоровска знае како да им ја извлече на гостите, кога ќе дојдат на забава во локалот каде настапува. Тоа е она што оддамна е познато за сексапилната битолчанка со скопска адреса. Но, она што помалку се знае или пак го знаат само најблиските од нејзиниот круг, дека Марија Луиса е подеднакво дарежлива и кога дава. Оваа констатација  пред пошироката јавност пејачката ја потврди на нејзината куќна слава.

Имено, вчеравечер, (четврток, 7-ми ноември 2024) Марија и нејзината фамилија имаа домашна слава… Празникот на сите православни верници им е  добро познат, но она што не го знаеја е тоа како изгледа Марија кога и самата се весели, радува, слави и забавува.

Софрата спремена по сите адети и куќни правила кога е во прашање домашната слава, а гостите секако одбрани. Од оние најблиските на фамилијата, до најверните другари и другарки на пејачката.

А, слава не само без софра, туку и без музика никако не бидува, особено кога слави една пејачка. Затоа Марија ги повика колегите свирачи, за и на себе и на гостите  да им ја разубави вечерта и пред се’, расположи со музика и песна.

Атмосферата од весела повесела, распеана и разиграна, па логично за микрофонот се фати и домаќинката… Ама кога музиката засвири и запеа убава македонска песна, сите се фатија на оро, меѓу кои и највозрасната – 92 годишната баба на пејачката, за која и самата таа во една прилика кажа дека таа на неа е талентирана за пеење, а баба и’ тоа и го потврди.

Но, во оваа прилика баба покажа дека има и играорни способности додека и самата виеше вито оро македонско, а Марија Луиса потврди уште две работи: дека има  широка душа и лесна рака, ама дека  за танцување е исто така талентирана на баба!

Нејсе, како што „жаба на суво не крека“, така и музикантите без „екстра дотур“ не свират и не пејат со полна пареа, а бидејќи тоа најдобро го знае Марија и самата се потруди вечерта да им ја разубави… И ним и  на баба и’ и на сите гости… а и себе си!

Македонската „кралица на бакшишот“ на сопствената куќна слава со банкноти ги китеше свирачите, додека заводливо „мешаше“ чочек качена на столица! Саксофонот и свиреше на увце, додека пејачката од високо го редеше со илјадарки, онака како што неа ја редат кога таа пее во  ноќен клуб или кафеана. Танц на столчето со виско кренати раце и заводливо нишање со колкови, како дополнение на доброто расположение, за возбудлива глетка и секако… За среќна слава, за многу години!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

To top