Радио Милева роденден во три третини

Македонската фолкерка во далечната Австралија „ја раситни 51-вата“: Две дувања свеќички и „домашна посета“ како роденденско изненадување од нејзината „сестра од друга мајка“

Македонската фолкерка во далечната Австралија „ја раситни 51-вата“: Две дувања свеќички и „домашна посета“ како роденденско изненадување од нејзината „сестра од друга мајка“

Македонската фолкерка Татјана Лазаревска го прослави својот 51. роденден. Далечна Австралија каде последнава деценија и нешто повеќе пејачката работи и живее, не беше пречка  „денот што цела година го чекаме“ да го помине опкружена со најблиските.

А прославата започна уште рано, во утринските часови во семејниот дом на Тања и Новица. Посилниот пол очигледно морал на работа, ама затоа славеничката во весело женско друштво го направи првото дување на свеќичките.  Роденденот на Тања и се погоди во друштво на мама, која од наша Македонија и беше дојдена на гости во далечна Австралија.

Со домаќинката и блиските од помладата генерација, во еден глас заедничка песна, онаа познатата роденденска, пред полна трпеза ги кренаа чашите и наздравија.

Среде Австралија со македонска лута жолта, се разбира! За среќен роденден на славеничката, за многу години на домаќинката и за сите заедно, за аирлија!

Арно ама прославата тука не застана. Таа имаше и второ, а Бога ми и трето полувреме…

Овој пат заедно со Новица, со мајка и’  и синовите во друштво на нивните блиски пријатели, во еден локал Тања по втор пат дуваше свеќички. Само сега заедно со нејзиниот „близнак“, како што го нарекува, пријателот Зак Никодиновски, кому исто така му беше роденден.  Разбирливо, паднаа роденденски честитки, гушкања и прегратки и понекое фото за спомен и долго сеќавање.

Но,  роденденот на македонската фолкерка среде Австралија, како што рековме  имаше и свое трето полувреме… Или поточно, трета третина! Се разбира откако следниот ден на гости и дојде нејзината „сестра од друга мајка“, како што Татјана ја нарекува својата колешка и другарка Маријана Новачевска, македонската пејачка која со децении живее и работи во Австралија.

Така, додека Тања онака опуштено ги листаше роденденските честитки во вид на пораки на мобилниот, се отвори металната капијата во нејзината авлија. Во дворот роденденско изненадување, Маријана со  огромен букет цвеќе и хартиена кеса со подарок, ама и со песна со која тргна роденденот да и го честита на својата другарка.

А Тања во старт и се придружи, па обете запејаа и заиграа наша песна македонска и наше оро вито… „Среќен роденден од срце ти сакаме и со песни и со љубов ти честитаме… Да се пее да се игра, срце да се разигра“ – како што велат и стиховите на песната, по која двете пејачки разменија бакнежи и си паднаа една на друга во прегратка!

Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм/Tatjana Lazarevska

To top