Радио Милева не знае што е?

„Македонската Б’лгарка“ со срамна изјава: „Македонка сум, но си ја сакам Бугарија, Македонија ништо не ми даде!“ (ВИДЕО)

„Македонската Б’лгарка“ со срамна изјава: „Македонка сум, но си ја сакам Бугарија, Македонија ништо не ми даде!“ (ВИДЕО)

Драгана Спасовска е некогашен македонски модел, трендсетерка, старлета, убавица… наречете ја како сакате,  која  до душа во своите гени има и бугарски корени по мајка. Родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка, своевремено стана прилично популарна  кај нас по своите „циркуз изјави“ дека би снимала нов филм со Џејмс Дин и Мерилин Монро, а познатите светски актери тогаш беа речиса половина век умерени!

За утеха, нејзината „филмска одисеја“  години подоцна заврши со улога во видеоспотот на Слаткар(истика) – „Одисеа“…

А, потоа и се прошета  низ старата скопска „Чаршија“ во видеото на ДНК !

Во Бугарија беше дел од модните настани и избори за убавина, за подоцна да одлета за Дубаи, каде нема баш најпрецизни податоци со што се занимавала „македонската Б’лгарка“?! Остана позната по шокантните изјави за „Бекстејџ“ од типот: „Фактите зборуваат сами по себе, кој е во Дубаи, а кој е во Македонија и јаде македонски ла*на“!

 Или онаа: „Јас не се родив за да сецкам салата и пијам ракија со маж ми“!

Она што е познато, а и со голо око видливо е дека  Драгана Спасовска оддамна не изгледа како на почетокот кога се појави во јавноста. Естетските зафати и пластичните операции го направиле своето, па сега нејзината силиконска убавина е на најсилно пуштена.

На релација Македонија – Бугарија – Дубаи, Драгана е често во фокусот на таблоидите и жолтиот печат, а неретко ја канат да гостува во разни емисии и поткасти, како што беше последниот во Бугарија, во популарниот Chefo Podcast кај познатиот јутјубер Стефан Попов.

Кога дојде моментот да одговори на прашањето: „Драгана од Македонија или Драгана од Бугарија?“, старлетата со срамен одговор: „Никогаш не кажувам дека сум од Македонија…  Бугарија ја сакам и сите знаат дека сум од Бугарија“ – отсечно кажа таа.

„Но ти си дете од мешовит брак…?“ – ја потсети водителот.

„Да, мајка ми е од Пловдив, а татко ми од Скопје. Најубавите години ми биле во Пловдив. Си ја сакам Бугарија, со бугарски пасош секаде патувам. Македонија ништо не ми даде…“ – беше нејзината срамна изјава.

На водителот дури му падна незгодно од нејзиниот „срамен“ одговор, па ја надополни дека кога бараш нешто од животот, всушност  не знаеш што ти дава? Некогаш дури години подоцна сфаќаш кој што ти дал, дали разбираш?“ – и рече Чефо по шокантната изјава на Драгана Спасовска.

Фото: Инстаграм/spasovskadragana/Јутјуб/Chefo Podcast

To top