Во Малме Шведска се одржа 68-то издание на Евровизија, кое годинава се покажа како скандалозно издание.
Учествуваа 37 земји, а меѓунив втора година по ред ја нема Македонија. Причината како што соопштија од МРТ најмногу е од економска природа, но и фокусот на 80-годишениот јубилеј од постоењето на Македонското Радио, и 60 години јубилеј од постоењето на Македонската телевизија.
Оттука, музичко шоу го гледавме од директниот пренос од Малме, но изоставен беше навивачкиот момент и возбудата на гледачите за до некоја следна година кога ќе се „поклопат коцките“, ако и воопшто се решиме да одиме.
View this post on Instagram
Дотогаш, македонскиот евровизиски одбор може да размисли за оваа кандидатка во најава за некоја следна кога ќе се решат да заминат. Во случавов, таа не е пејачка, но нејзиниот сон отсекогаш бил да биде токму тоа. Години наназад работи јавна професија со микрофонот во рака, но како водителка и желба да биде и пејачка – Марјана Станојковска.
Дека ова го посакува покажа во најновото издание на емисијата која ја води „7-мо Небо“, каде реши да пропее, односно да ја препее евровизиската од далечната 1989 во време на Југославија, „Rock me“, во изведба на групата „Рива“.
Соврешен танц, атракција, а за вокалните можности секогаш има простор, а и време за поправки, освен ако Марјанчето дотогаш не се поколеба или ја фати трема од пеење во живо.
Дека може да биде еврозизиски претставник се согласија многуте нејзини следбеници кои ја пофалија и и порачаа дека може да се подготвува за следната Еврозизија.
Како звучи „Rock me“ во изведба на Марјана Станојковска погледнете од видеото во продолжение, па проценете дали да ја праќаме или не:
View this post on Instagram
фото: Instagram printscreen/ marjanamay/ Evrovision/ Freepik