Радио Милева откри нешто повеќе и за ќерката

Мајката на пејачката Анета Љумаковска си ја исполни долгогодишната желба, застана наспроти Лила во „Се или нешто“ – еве колку му зема на банкарот

Мајката на пејачката Анета Љумаковска си ја исполни долгогодишната желба, застана наспроти Лила во „Се или нешто“ – еве колку му зема на банкарот

Битолчанката Лилјана Љумаковска, мајка на фолк пејачката Анета Љумаковска, застана наспроти Лила во гејм- шоуто „Се или нешто“, долгогодишна желба која најпосле и се исполни.

Госпоѓа Лиле, поранешна текстилна работничка,  пред камери и пред публиката во студиото раскажа досега непознати дезнати детали за својата позната ќерка Анета, особено за детството и моментот кога на само четири годишна возраст забележале дека малата Ане пее интонативно. Подоцна следеле учествата на аматерски фестивали, па се до првите награди.

Мама Лилјана низ игра раскажа и дека често патува за Шведска каде живее нејзиниот син Борче, па уште од старт на отвороњето кутии кажа дека ако ја послужи среќата и му извлече пари на банкарот, истите ќе ги искористи за патување до Скандинавија каде се синот, снаата и внуците.

Кутија по кутија, мајката на Анета стигна до предпоследната рунда кога со мало двоумење реши да ја прифати понудата на банкарот од 105 илјади денари, а за истата освен со поддршката, се консултираше и со Анета преку телефонски повик, која пак и кажа дури и да не ги земе тие пари, ќе ги добие од неа.

Сепак, на крајот банкарот беше олеснет за понудената сума, а мама Лиле освен што си ја исполни желбата да учествува во квизот кој семејно го следат со години, успеа да земе и убава сума од сефот на банкарот.

фото:Принтскрин ТВ Сител

 

To top