Радио Милева „земјотрес 100 по рихтер“

Анета Љумаковска рака за рака со екс- колегата од „Молика“

Анета Љумаковска рака за рака со екс- колегата од „Молика“

Кај фолк пејачката Анета Љумаковска токму како што пее во својата најнова песна, така и во реалниот живот верoјатно и на љубовен план има земјотрес „100 по Рихтер“.

Откако пред две години се разведе  од музичарот Џими Мицевски со кого беше во брачна заедница речиси две ипол децении, приватниот живот на Анета стана топ- тема во домашните медиуми.

Ането ја напушти и групата „Молика“, почна драстично да го менува изгледот, а набрзо стана дел и од друг бенд со кој веќе редовно настапува.

За тоа дека на женните им се случува нешто убаво кога се менуваат, Анета го покажа на дело.

Кај неа промените беа чести и драстични, што така јако и изненадувачки откри дека во нејзиниот живот можеби има нешто/ некој повеќе што прави за таа да биде поинаква од претходно…

Чаршијата зборуваше и за неверство како причина за разделбата, а таа молчеше…

Кога сега објави фотографија како се држи рака за рака со нов лик за јавноста, но веќе добро познат за неа, почнаа и реакциите и тоа наголемо.

Имено, Анета објави фотографија на која е заедно со кларинетистот Рубин Размоски, кој пак своевремено беше член на „Молика“ и настапуваше заедно со Анета и нејзиниот сега екс- сопруг Џими.

Тој зад воланот, таа на совозачко со рацете преплетени една со друга и насмевки на лицата од фотката за покажување кој тоа се вози со Анета.

Реакциите на стивнуваа, се праќаа многу срциња, а од автомобил Анета замина на интервју пред камера за „Бекстејџ“, каде ќе видиме што има да каже…

фото:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701

To top