Велат дека селективноста кај луѓето на се’ околу, доаѓа со годините. Како минуваат, стануваме поискусни, па со тоа логично е и да избираме, особено меѓу луѓето кои се околу нас.
Познатата ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска и нејзиниот колега и долгогодишен пријател Спасе Рола Јовановски преку една фотографија резимираа токму по оваа тема.

Имено, Спасе на своите „стори“ постави ретро фотка со својата верна пријателка Лила, а за истата напиша:
„Фоткава не се знае дали е од лани или од пред 10, 15 или 20 години“

На оваа „деликатна“ фотографија која прави забуна, носи и недоумица, сигурно е едно – Лила дефинитивно ја познавме, арно ама Спасе тешко…
Несигурноста стои, а секако и прашалниците за дали тоа е Спасе, или некој тинејџер, фан на Лила што само наликува на него?!

Вистината јасна, Спасе доста променет во обем, дненс и со брада, ама покрај себе се уште има нешто исто- својата водилка, како што тој ја нарекува, неговата Лила.
Пријателство за кое промените во изгледот и годините наназад се само доказ дека она вистинското останува.
фото: Instagram printscreen/rolladobolla/lilafilipovska





