Лепа Брена даде интересен одговор на прашањето за нејзината снаа Александра Пријовиќ.
Александра Пријовиќ со турнејата „Од исток до запад“ го потврди статусот на најголема фолк ѕвезда во регионот. Познато е дека ја има целосната поддршка од семејството, но и од свекрвата Лепа Брена.
Сепак, Брена имаше интересен одговор кога водителот неодамна ја праша: „Љуба Аличиќ пред неколку дена изјави дека Александра ги испратила сите пејачки во пензија. Како го коментирате тоа?“
Брена прво почна да се смее, а потоа ја задеваше својата снаа одговарајќи:
„Таа е млада ѕвезда, но да ви кажам нешто, има неколкумина кои се уште предаваме“, а потоа продолжи:
„Ако Мик Џегер може да пее на осумдесет, зошто да не може и Лепа Брена?!“ додаде најголемата ѕвезда на поранешна Југославија.
фото:Facebook/ LEPA BRENA