Радио Милева секогаш блика позитива

Ленче Кукиќ за запознавањето со сопругот: „Горан ми личеше на Елвис Присли“ (видео)

Ленче Кукиќ за запознавањето со сопругот: „Горан ми личеше на Елвис Присли“ (видео)

Пејачката и победничка на шоуто „Никогаш не е доцна“ од 2019 година, Ленче Кукиќ, заедно со сопругот Горан неодамна беа гости во ТВ Магазин на Сител каде како и секогаш ширеа позитивна ерергија од секоја кажана реченица.

Ленче со својот ведар дух и насмевка овој пат пред камерите во дел од разговорот евоцираше спомени од младоста и за тоа со какви очи тогаш го гледала Горан кога го видела по подолг период.

-Јас Горан го видов кога бевме поканети од Зоран Ванев кој до ден денес ни е другар, да одиме… ова зборам пред околу триесет години и имаше некое кафанче ќе отвораше. Горан требаше со еден наш другар Роберт Ѓоргиев да дојде да ме земе, дека ние од Струмица ќе одиме во Штип. И гога отидов јас викам, а Горан не беше тука, беше во Австралија, па така подолго време го немав видено. Кога го видов вака, викам од кај овој…Го видов вака како и сега, па и јас (се смее) со истите очи си го гледам и после 30 години. И викам од кај излезе овој момец тука како Елвис Присли, се секава Ленче.

На Горан секако му годеа ваквите комплименти, иако веќе познати, па водителот му сугерираше да се напие малку вода.

А од младоста и првите љубовни доживување, Ленче и Горан Кукиќ денес се во брак повеќе од три децении.

Во далечната 1996 година кога правеа свадба и двајцата изгледаа како од филм во тоа време. Таа во раскошна венчаница, а тој во бело одело, токму како Елвис, од убави поубави.


Плод на љубовта на Горан и Ленче е синот Иван кој иато така е музичар, односно свири бас гитара и член во триото на Влатко Стефановски.

фото:You tube printscreen/Сител Телевизија/ Facebook/ Lence Kukic

To top