Радио Милева „читај меѓу редови“

Џокер со симболична фотографија им прати порака на хејтерите: „Ние сами, вие сите“

Џокер со симболична фотографија им прати порака на хејтерите: „Ние сами, вие сите“

Иако се вели дека секое чудо три дена трае, за најновата музичка преработка на Антониа Гиговска и Благица Павловска „Чукај чукај“ ова како да не важи и апсолутно го имплицира спротивното.

Иако на трендинг за многу брзо време песната стана број 1, негативните ракции никако да стиват.

Антониа преку социјалните мрежи често праќа  благодарност на сите кои ја пофалија за новиот и храбар музички потфат, за „Чукај чукај“,  и останува апсолутно резервирана за злите јазици.

Гиговска редовно и  најбрутлано знаат да ја нападнат од повеќе аспекти, од критики за нејзиното пеење, па се до изгледот и трансформацијата што никогаш не и ја простија.

Антониа пак, не е од оние што знаат да го избришат она што не им се допаѓа, или да им возврати, па дури и за вака најбруталното што осамнува на нејзинте објави,  ама не и нејзниот сопруг Роберт Спасенцовски Џокер кој не може и не сака да остане имун.

Тој неодамна дури ги собра и ги објави на својот Инстаграм најжестоките навреди упатени на сметка на неговата фризура од спотот за истата песна каде тој е музички гостин.

Сега, поточно вчеравечер(03. Јуни), Антониа, Џокер и Благица беа гости на наградите на Стефан Лазаров, каде наедно и  настапија со „Чукај чукај“, прилика за одново да почнат да се „пумпаат“ коментарите.

Ама Џокер уште пред да стартува се’, направи една заедничка фотка со сопругата и со Благица Павловска, симболична и со јасна порака, дека иако се само тројца, тие се посилни( преку песната се разбира) дури и од една армија хејтери.

„Ние сами, вие сите“- стои во описот кој значеше „читај меѓу редови“.

Очигледно младите и актуени естрадни сопружници се недопирливи кога злите јазици ќе ги нападнат, ако барем едниот е посензитивен, тука е другиот за да го држи балансот.

Дали е Антониа или Џокер, сосема неважно, нека тече работата…

Благица во случајов е секако неприкосновена.

 

фото:Instagram printscreen/rotterdamnz/Facebook/ Robert Spasencovski

To top