Ексклузивно во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ како поткаст гостин се појави бардот на македонското естрадно новинарство Тимчо Апостолов, долгогодишниот и последен главен и одговорен уредник на најтиражната и најпродавана ревијана сите времиња во Македонија, ревијата „Екран “ .

И покрај долгогодишното присуство на македонскиот пазар на тогашните еминентните ревии како „ТВ новости, „Радио и ТВ ревија“, „Илустрована политика“, сепак, „Екран“ успева да има просечен тираж од 40.000 до 50 -60.000 примероци, а еден – два броја ќе го достигнат и рекордниот тираж од 105.000 примероци.

Тој зборуваше за својот живот, личните успеси и падови, средбата со маршалот Јосип Броз Тито, студиите и работата во Белград, за содржините и тиражите на најпродаваната македонска естрадна ревија на сите времиња – „Екран“, за уредувањето, изборот на теми, гостите и насловните страници, за иницијативите и реализацијата на идеите, за манифестациите кои оттаму ќе потекнат и ќе бидат најзначајниот дел во вреднувањето на македонската естрада, култура и субкултура и нејзините протагонисти…

За дружбата со ѕвездите, разбирањето и недоразбирања со познатите и популарните, за жирирањето на фестивалите, победниците и „губитниците“, за „златните времиња“ на македонското новинарство и дигиталната онлајн ера…

Во тој период тој како главен уредник со колегите од ревијата „Екран“ ќе ги иницираат и ќе ги реализираат манифестациите како македонскиот „Поп Рок Фест“, „Изборот на артист на годината“, „Екран театар фест“, „Изборот на најдобар дискџокеј“, „Изборот за Мис на Македонија“, а исто така и првиот масовен пречек на Новата 1990 година на тогашниот Градскиот плоштад, денес плоштад Македонија во Скопје.

Но, еден настан ќе остане запаметен, зашто се работи за најголемиот концерт на сите времиња на најпознатата и најдолговечна светска рок група – „Ролинг Стоунс“ во Скопје… Концерт кој бил помпезно најавуван, а никогаш не се случил, зашто се работело за маркетиншки трик на кој наседнал целиот регион, кој некои потоа го нарекле и голема измама… А всушност во прашање било нешто сосема трето.

Во продолжение проследете го видеото со целиот поткаст со Тимчо Апостолов, а приказната за најавата на најпомпезниот концерт кој никогаш и не се случи во Македонија ќе ја најдете на 01:о8:20 (1 час, 8 минути и 20 секунди)…
Него како и сите други досегашни изданија на ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (.






