Во најновото, последно издание од втората сезона на интер ток шоуто „Ништо лично“, на отворен муабет кај Антонио Димитриевски како поткаст гостинка беше македонската естрадна поп ѕвезда, пејачката Антониа Гиговска.

За не важи дека е една од најангажираните домашни поп-ѕвезди, со бројни настапи низ Македонија и регионот, милиони прегледи на своите песни и верна публика која расте од година во година. Со својот препознатлив вокал, искрен пристап и постојана работа на себе, таа успешно ја гради позицијата на водечка млада музички ѕвезда на македонската естрадна сцена.

За нејзиниот пат од „Пинковите ѕвездички“ до албумот „Жена“, за естрадната кариера, фестивалите, Евровизија, соработниците, изборот на песните и автобиографијата во нив, за настапите, професионалните и приватни за растежи и падови, за желбите, можностите и личните стравови, за љубовта и љубомората, за пријателството и зависта, за врската, бракот и мајчинството… За се’ што е една млада позната и популарна „Жена“ како неа го работи, живее и доживува на професионален и приватен план отворено говореше најголемата пејачка поп ѕвезда во Македонија од новата генерација.

Меѓу останатите прашања, асоцирајќи на едно заедничко видео во кое заедно со бившото момче ја пејат познатата фолк балада од Индира Радиќ, насловена „Две музике, следуваше прашањето:

„Во неколки прилики сум те слушнал, и во дует со некого, а и соло при гостувањето на Пинк ТВ на пример, како пееш една позната фолк балада од Индира Радиќ чии стихови велат: „Кад се будеш женио, послаќу ти беле руже…“! Беа ли испратени бели ружи? – ја праша поткаст домажинот Антонио Димитриевска пејачката.

Целиот поткаст со Антониа Гиговска можете да го проследите подолу во продолжение, а одговорот на прашањето ќе го најдете на 50 минути и 50 секунди во видеото…

Ова како и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ можете да ги гледате во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (







