Некогашната Гранд ѕвезда, пејачката која не е Македонка иако има македонско презиме Теа Стошевска и најави нова песна и спот на својата публика. Пред премиерата на новата песна, цицлестата фолкерка ја загрева атмосферата бранувајќи и ја имагинацијата на својата публика и на своите настапи и на социјалните мрежи.

Овој пат Теа позираше за своите следбеници на социјалните мрежи во дел од аутфитот за спотот.
„Вчера снимив музички спот за мојата нова песна! Врвниот тим беше околу мене и знам дека сè ќе испадне одлично“- напишала пејачката покрај скокотливата фотографија.
View this post on Instagram
Но, уште поскокотливо и повозбудливо е видеото кое е исечок од снимањето на спотот на бујната пејачка.


„Исечок од снимањето на видеото за мојата нова песна, колку само за да ја поттикнеме имагинацијата… Што мислите како се вика песната?“ – прашува Теа додека во преден план е провокативното деколте на оваа ѕвезда на „Гранд“ – сцена која многумина остави со подзината уста.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/teastosevska_official






