Радио Милева физиолошка идила...

Теа Трајковска покажа дека и „патот до тоалетот е поплочен со добри намери“, само… на кој му „стиска“ до таму да издржи!? (ВИДЕО)

Теа Трајковска покажа дека и „патот до тоалетот е поплочен со добри намери“, само… на кој му „стиска“ до таму да издржи!? (ВИДЕО)

Откако Теа Трајковска го привлече вниманието на социјалните мрежи со провокативните фотографии од одморот во Анталија, Турција, од каде сподели  „жешките сликички“, како што самата ги нарекува, на зрачи со сексапил и самодоверба, еве ја повторно со нова морска идила. Само оваа не е еротска, туку физиолошка…

Имено, пејачката сподели клипче, на кое стои потпрена на гелендерот од на терасата на еден ресторан кој не е до крај јасно на која локација се наоѓа, иако наликува на Црна Гора, ама затоа е очигледно дека во прашање е море, чие и да е! Времето променливо облачно и ветровито, што би рекле ладничко и не баш поволно за плажа, што се гледа и од аутфитот на пејачката што на себе го наметнала. Но не е во тоа поентата, туку во нешто сосема друго што Теа Трајковска сакала да ни го покаже, а истото би можело да се нарече „проектантска утка“!

Зашто тој што го проектирал хотелот или ресторанот сеедно, очигледно нужда вршел во нокшир. Зашто како поинаку да се разбере ситуација додека седиш така со преубав поглед кон морето и уживаш во својот гастрономски раскош, па наеднаш почувствуваш итна физиолошка потреба без оглед од кој обем и природа, за која ти требаат „пет илјади чекори“ да стигнеш до целта која во тој момент  ја посакуваш најмногу на светот – тоалетот?

А, за да стигнеш до нужникот ти требаат „две и пол илјади“ чекори по плочникот и уште толку по скалите за да  не се „избербатиш“ и комплетно избрукаш пред момчето, девојката или другарите!?

Она позната изрека: „И патот до пеколот е поплочен со добри намери“ – веројатно добро  ја знаете.

Ама затоа оваа што Теа Трајковска ја модифицирала, допрва ќе ја дознаете, откако ќе го погледнете видеоклипчето што пејачката го споделила, во кое покажа дека и „патот до тоалетот е поплочен со добри намери“… Само, на кој му „стиска“ до таму да издржи!?

Фото и видео: Инстаграм/theatrajkovska

To top