Пејачот Ненад Манојловиќ, полубрат на пејачката Рада Манојловиќ, доби трето дете – син.
По овој повод, Манојловиќ организираше прослава за раѓањето на синот, на која присуствуваа Рада, како и нејзината колешка Станојка Митровиќ Ќана.
Тие се фотографираа со водителот Урош Божиќ, но и со гордите татко и мајка, кои ретко се појавуваат во јавноста.

„Добредојде Данило! Среќно, Манојловиќи“, напиша Божиќ на фотографијата што ја сподели преку социјалната мрежа Инстаграм.
Ненад Манојловиќ неодамна зборуваше за својата врска со својот татко, откривајќи дека со години немало блискост меѓу нив, додека во исто време нагласи колку е горд на Рада.
Како што призна, не го видел својот татко 15 години, а нивната врска никогаш не била стабилна.
– Не, не сме во добри односи. Го видов татко ми само петнаесет пати во мојот живот. Кога бев мал, останував кај мајка ми, и го гледав најчесто за време на распустите, како и една година кога одев на училиште таму. Не е ништо необично, такви работи им се случуваат и на други луѓе. Едноставно, имав такво детство, што подоцна влијаеше на фактот дека не сме блиски – рече Ненад кој очигледно со сестрата си закопаа „воените секири“.
фото:Instaggram printscreen/radamanojlovic






