Радио Милева повеќе го „влече“ миктофонот

Киан на Антониа и Џокер се’ појасно покажува како работат музичките гени – мама и тато горди до небо (видео)

Киан на Антониа и Џокер се’ појасно покажува како работат музичките гени – мама и тато горди до небо (видео)

Пејачката Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцовски пред две ипол години се остварија како родители на своето прво синче кое го носи името Киан. Оттогаш, наследникот на познатата музичка двојка,  е центарот на нивниот свет и музиката на нивната душа.

Антониа не ретко знае да изјави дека мајчинството ја променило доста, но кога  приватноста и родителството се во прашање, Антотниа се почесто знае да покаже како расте Киан,  особено кога тој  често ги покажува наследените музички гени.

Киан е мамино синче кога се во прашање интересите, барем оние што му се сега, од детската перцепција и љубопитство.

Па така, додека мама ги вежба гласните жици и учи некоја песна, Киан веројатно веќе навикнат редовно пред себе да го гледа истото, тој се почесто почна да ја имитира мама, односно нејзините најчести активности.

Сега мама Тониа горда до небо и пресреќна како тоа Киан ја пее и интонативно ја „лови“ песничката додека тато свири на синтисајзер, а тоа изгледа вака:

Очигледно неговата омилена играчка е миркофон, а домашните концерти му се главна игра да се покажува што научил и што сака.

Вака или така, музичките гени секако ги има и од мама и од тато, е сега дали ќе биде на едниот или другиот, а можеби и спој од двајцата, останува времето да покаже.

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top