Дека годините се само бројка деновиве покажа Илда Шаулиќ, која во Црна Гора покажа витко тело и извајана фигура поради која жените двојно помлади од неа би позавиделе.
Оваа летна пауза меѓу настапите фолк ѕвездата ја користи за да ги наполни батериите на Јадранското крајбрежје и да се подготви за концертот кој ја очекува на 10.10. во салата на МТС.
Во друштво на ќерката Ема, мајката Гоца и сопругот Бојан, пејачката ги ужива сите природни мортски благодети, а сите што имале можност да ја видат велат дека изгледа подобро од било кога.
„Веќе во август започнавме со пробите за концертот, бидејќи сакам се да биде совршено и на публиката да и подариме настан за паметење. На последниот концерт на летната сцена на Топчидерац поставив високи стандарди и сега се обидувам да го надминам тоа, што е голем предизвик“ – рекла неодамна Илда и открила дека моментално бара песна која ќе ја сними пред концертот за да ги израдува своите обожаватели.
Набргу потоа, песната не само што е најдена, туку за неа на Јадранот веќе се снимаше и видеото во кое учествува и нејзината ќерка Ема, а Илда сподели дел од атмосферата и во постот напиша:
View this post on Instagram
„Сакам да споделам со вас дел од атмосферата од снимањето на уште една песна, која наскоро ќе имате можност да ја погледнете и слушнете на мојот YT канал. Мојата Ема, мојата гордост, учествуваше во снимањето на спотот и како вистинска мала помошничка ни ги разубави часовите и деновите. Наскоро следуваат уште многу убави изненадувања кои ви ги подготвив… ве сака вашата Илда“!
Фото: Инстаграм/ildasaulic