Пејачката Јана Тодоровиќ неодамна се најде во центарот на вниманието поради инцидент со нејзината ќерка Кристина Џулиен, кога по неколку пива ја критикуваше пред камерите, велејќи ѝ дека не е добра за камерите и дека тоа е нејзиното последно интервју во животот. Тој момент видливо ја растажи Кристина, која се наполни со солзи, а за истото се зборуваше со денови.
После тоа, Јана Тодоровиќ јавно истакна колку ја сака својата ќерка и дека ѝ е жал што сè било погрешно протолкувано. Мајката и ќерката набрзо го решија недоразбирањето и заедно го прославија 19-тиот роденден на Кристина.

Бидејќи Кристина Џулијен изјавила дека не ја интересира образованието и дека сака да започне сопствен бизнис, Јана Тодоровиќ решила за нејзиниот роденден да ѝ подари шминка од највисок квалитет и целата потребна опрема за салон за убавина.
Покрај тоа, Кристина од нејзината мајка добила луксузен часовник „Картие“, вреден околу 10.000 евра, објавуваат медиумите.
– Не сум лоша мајка, но во ред, тоа е готово. Прашувате дали Кристина добила стан во Дубаи? Не сакам да зборувам за тоа. Ќе видиме“. Пиев и на неодамнешната свадба на Урош Живковиќ. Тоа е тоа, ви кажувам сè… (се смее) Сè што се случи со мене и мојата ќерка, клиповите на TikTok… Не сакам луѓето да мислат дека сум ѝ мислела нешто лошо на мојата ќерка, тоа едноставно се измолкна , беше јасна Јана за „Блиц“
фото: printscreen/instgaram







