Радио Милева заслужена пауза

Калиопи на плажа во црно бикини: Поп дивата реши дека е време за полнење батерии на море

Калиопи на плажа во црно бикини: Поп дивата реши дека е време за полнење батерии на море

Работа, работа и многу работа е првата асоцијација за Калиопи кога музиката е во прашње.

Таа како никогаш да не мирува, а и кога тоа го прави секогаш транспарентна пред својата публика и армијата верни обожаватели низ целиот регион.

Дека сепак дојде време за пауза и полнење батерии, Калиопи откри од својата последна односно најнова објава каде позира на плажа, насмеана под чадорот за заштита од сонце, покажувајќи дека овие топли  денови ги користи за апсорпција на инспирација и витамин Д.

Црно и бело е се’ или само црно за Опи кога колорниот избор е во прашање, онака како што е насловена нејзината позната песна, а таков е и изборот за костим за капење во кои имаме прилика да ја видиме.

Издание од кое делумно го откри своето тело, онака скромна и нанаметлива, токму како што нејзе и доликува. Умерена, ама блескава во полн сјај.

Инаку, деновиве Калиопи најави концерт пред домашната публика, овој пат во ексклузивна, unplugged верзија “100% live”, на 14 ноември 2025 година, во салата на Македонска филхармонија во Скопје.

Но, затоа потоа, сега е време за одмор, а секој бран пее песна – силна, искрена и незаборавна!

фото:Instagram printscreen/kaliopi_official

To top