Радио Милева нема копија

Како барбика во тесно розово фустанче и долга руса коса: Марјана Станојковска ја заскокотка машката фантазија (видео) 

Како барбика во тесно розово фустанче и долга руса коса: Марјана Станојковска ја заскокотка машката фантазија (видео) 

Марјана Станојковска важи за една од најзгодните водителки кај нас, а тоа често го покажува преку своите предизвикувачки стајлинзи во кои ги истакнува сите свои атрибути.

Лото девојката и инфлунсерка овој пат  позираше во различни секси пози на скалите во тесно розово фустанче и долгата руса коса по која е најмногу препознатлива и претставува  нејзин белег кој никако  не го менува.

Имено, Марјана  облечена како барбика ја истакна својата женственост пред објективот и успеа  да ја заскокотка машката фантазија и да  привлече  внимание на социјалната мрежа Инстарам.

Галејќи се по телото и допирајќи ја косата, таа сега крена „прашина“ со новото видео кое не пропушти  да го објави.

Марјана веднаш доби голем број допаѓања и позитивни комплименти кои нејзините обожаватели со задоволство и ги оставија под видео – објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Таа е многу активна на својот Инстаграм профил, па нејзините следбеници имаат можност да видат како го поминува времето, каде и како одмара, како што беше и неодамна кога реши да ги наполни батериите во Грција, а се уште споделува фотографии од убавите моменти поминати во вода.

Дводелниот  костим за капење во нејзината  омилена боја толку секси и прилега што уште еднаш предизвика  возбуда кај нејзините следбеници, со што потврди дека нема копија на неа.

фото: Instagram/printscreen/marjanamay

To top