Радио Милева честитки!

Кај Јордан Митев се слави: Фолк пејачот стана татко по вторпат

Кај Јордан Митев се слави: Фолк пејачот стана татко по вторпат

Пред две години, речиси во ист есенски период како сега, фолк пејачот Јордан Митев и неговата сопруга Славица се оставирија како родители по шест години брак, тогаш добија ќерка и тоа додека пејачот беше на турнеја низ Австралија.

Сега, крајот на септември за среќа тато се погоди да биде на домашна територија, а Бог на свет ден Крстовден го дарува со уште едно чедо, овој пат машко.

За убавата вест гордиот татко се пофали на својот Фејсбук со зборовите:

-Почитувани фанови и пријатели,
денес на овој убав ден Крстовден, се роди нашиот син КРИСТИЈАН…Господ нека дарува радост во секој дом, напиша Јордан.

Митев ќе пее, наздравува и слави со неговата „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ во име на неговиот новороден наследник Кристијан, и со цело срце и радост ќе трепери додека мама и синче се вратат дома од породилиште кај тато и дада.

За потсетување, Јордан и Славица која е родена во Австралија се венчаа по врска која траеше нешто повеќе од една година, а големата свадба се случи во Македонија со сите обичаи кои ги носи нашата традиција.

Честити, да е здрав и жив синот!

фото:Фacebook/Jordan Mitev

To top