Фолк пејачот Јордан Митев викендов стана татко по вторпат, овој пат на машко бебе кое го доби името Кристијан. Синчето на свет дојде на христијанскиот свет ден Крстовден, па оттука не случајно го доби тоа име.
И додека семејството возбудливо ги чека мама и бебе да се си дојдат дома од болница, тато Јордан се почувствува должен до сите оние пријатели, следбеници, фанови од социјалните мрежи кои му честитаа, па испрати благодарност за честитките и убавата мисла, а меѓудругото прати и силна порака во која вели:

Почитувани,
Ви Благодарам на сите за честитките по повод раѓањето на мојот син.
Тагата и болката се намалуваат кога ќе бидат споделени макар со еден човек, а среќата и радоста се зголемуваат и умножуваат кога ќе бидат споделени со повеќе луѓе. Од Канада и Америка преку Европа и Македонија до Австралија и Нов Зеланд, Ви Благодарам на искрените честитки и споделената радост. Ви Благодарам за честа.
Да сте здрави и живи и Бог нека ви ги услиши сите ваши желби и молитви.
Поздрав до сите каде и да сте! – напиша гордиот татко.

Инаку, до пред осум години Јордан и сопругата Славица водеа борба за потмство, но Бог ги израдува со две чеда, ќерка и син за да ги радуваат за навека.
Честитки уште еднаш, да се здрави и живи!
фото:Facebook/ Jordan Mitev







