Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша ги отвори вратите од својот дом за екипата на „Телеграф.рс, зборувајќи најискрено од кога било за бројни теми, меѓу кои и за односот и разводот со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ со кого ги има двете ќерки Атина и Ника.
„Разводот не ми беше баш тежок, не го ни видов за време на разводот. Собрав храброст за се во животот, најтешките периоди ги поминав сама. Немам проблем да кажам дека немам добро мислење за Душко, дека немам со години, но поради вас, медиумите, поради моите непријатели, моите деца и мојот вечен оптимизам, се обидов да го спасам, а јас многу ретко се откажувам“ и додала:
„Меѓутоа, поради многу грди работи кои се случија во минатото, престанав да го сакам како што го сакав одамна. Кога станува збор за него, и повторно поради се што направи во нашите четири ѕида, сигурна сум дека никогаш не ме сакаше на вистински начин, јас му бев некаков трофеј, Јелена Карлеуша, но не сум трофеј, јас сум жена која има свои потреби, која сака некој да ја сака, да ја гушка, да ја заштити, никој маж не застанал зад мене, јас секогаш се бранев. Никој никогаш не застанал за мене, освен мајка ми и моите обожаватели. Тоа е армија борци, таков ѕид и штит, со толку многу љубов и страст ме бранат и благодарение на нив сум таму каде што сум“, изјави Карлеуша за „Телеграф.рс“.
Таа откри и зошто се откажала да го пријавува Тошиќ во полиција секогаш кога тој наводно бил насилен, како што вели таа.
„Таа пријава секогаш беше причина да се запре тоа што се случува, тој момент. После кога се ќе се смири, тогаш е во ред одредено време, до следниот пат. Тоа е единствената причина, а и за медиумите, децата, некој душевен мир за мене… Уморна сум од цел живот судови, судски процеси, насилство од секаков вид, но сè има свои граници, значи дека е готово. Денеска не постои никаков однос, ниту имаме комуникација“, објаснила таа.
фото: printscreen/instgaram