Радио Милева необична честитка

Игор Џамбазов слави роденден, а неговиот најверен соработник Гуру Харе му го честиташе со постпогребна песна за долг живот: „Староста доаѓа“! (ВИДЕО)

Игор Џамбазов слави роденден, а неговиот најверен соработник Гуру Харе му го честиташе со постпогребна песна за долг живот: „Староста доаѓа“! (ВИДЕО)

Македонскиот актер, шоумен, водител и пејач Игор Џамбазов денес, вторник 15 јули 2025 година слави роденден. Во документите за лична идентификација од денес ќе му стои  солидна бројка… 62-ка!

Само што за типови како него годините не се ништо особено, зашто некои ликови се безвременски. Или ако повеќе сакате, се како виното – што повеќе стареат, тоа се се’ подобри…

До душа тука демне и опасноста од приказната со виното и староста, со годините се’ повеќе да заличите и на буре, ама овој за среќа е се’ уште далеку од таа фаза.

Како и да е Џамбазов пред големиот солистички концерт во Античкиот театар во Охрид закажан за в сабота, 19 јули 2025-та, придодаде уште една завршена година на својата возраст…

Или зрелост, подобро е да се каже! Зашто истата ја покажа уште рано утрината во роденденската објава, споделена на Инстаграм.

„На денешен ден пред 62 години почнав самостојно да дишам. И се’ уште дишам… Оти дишам длабоко“ – напишал Игор во постот користејќи го насловот од една од своите познати песни.

А кога сме веќе кај роденденските честитки и песните, „денот што го чекаме цела година“ на Џамбазов многумина му го честитаа… И мноштво познати фаци и тотални анонимци.  Кој лично, кој слично, преку социјалните мрежи. Ама само еден од нив со песна. И тоа лично негова, напишана во еден здив, токму за славеникот. Песна со која и ќе го отпочнат концертот во Охрид.

Кој друг ако не неговиот најверен и најблизок соработник, блуз мајсторот Гуру Харе, кој небаре пророк, она што како песна му го напиша, сега му го спакува како роденденска честитка на својот „блуз чирак“!

Оваа песна ја напишав после погребот на бабами.

Станав во 5 сабајле и ја напишав во еден здив. Музиката и зборовите.

Со оваа песна ќе го отвориме концертот на 19ти јули во Охрид.

Денес му го честитам роденденот на мојот долгогодишен пријател и соработник, кој ја испеа.

Да си жив и здрав брате!“

Од Џамбазов засега нема реакција… Можеби на отворањето на концертот во Охрид, ама затоа има нешто што наместо одговор кажува дека маестро Игор се’ уште е во форма.

Барем додека може да собира и одзема, нема место за паника… дека „Староста доаѓа“!

 

Фото: Инстаграм/igordzambazov и Фејсбук/Игор Атанасоски Харе

 

 

To top