Атрактивната македонска фолкерка Сузана Гавазова неуморна… И со настапи низ Македонија, по Европа и светот, и со секојдневни интересни содржини на социјалните мрежи.

Ако нема нови фотографии или видео од некој свој настап, тогаш сексапилната струмичанка сигурно има слики или клипче со нова доза летна возбуда. Така е секогаш, така е и овој пат, кога пејачката во различни комбинации и модели бикини, качена на штикли го истурила сиот свој телесен раскош, споделувајќи го во понекое клипче.

Со поглед кој ве остава без здив, додека во бели бикини се шета покрај големите стаклени прозорци, одразот во нив потсетува каква раскошна телесна дарба поседува расната македонска фолкерка. Селфито во движење од птичја перспектива не може да ве натера да се фокусирате на нејзината бујна предница, која го потенцира сиот сексапил и неодоливата, речиси фатална привлечност на нашата естрадна убавица.
Уште еден доказ дека и кога не е на сцена, Гавазова нуди дневна доза летна возбуда… И тоа дополнета во различни бикини изданија, спакувани во уште едно видео во кое Сузето го нуди од себе најдоброто… Се мисли на она – телесното!

Во црна или бела бикини комбинација, со карнери или со маска преку лицето, во танга гаќички за капење или регуларни, Гавазова ептен ќе ви се заарни. Нејзината заводливо – возбудлива прошетка толку ќе ве „запали“ што ќе ја враќате по неколку пати, за да ги апсолвирате сите детали!

Едноставно, од фаталната привлечност на пејачката на многумина ќе им се заврти во главата.
View this post on Instagram
Зашто кога Сузето ќе излезе право на тераса, знае како да ја „запали“ љубопитната маса!
Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova







