Хрватската пејачка Маја Шупут се најде на удар на корисниците на социјалната мрежа Х поради нејзиниот стајлинг, кој неодоливо наликува на изданието на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша.
Маја Шупут сподели фотографии од снимањето на емисијата што се емитува на Хрватската телевизија, а по тој повод привлече огромно внимание со својот стајлинг.
Пејачката позираше во латекс комбинезон и флуоресцентна зелена перика, а ова нејзино издание многумина потсети на идентичниот аутфит што го носеше балканската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша во спотот за песната „Карли бич“.
IT’S CALLED ORIGINALITY.
YOU SHOULD TRY IT SOMETIME.#caosvima pic.twitter.com/t6luwDs5vg— hrabri pero (@karlooo777) September 29, 2024
Неверојатната сличност не им избега на корисниците на социјалната мрежа Х, кои меѓу другото истакнаа дека Маја треба да биде пооригинална, но и дека изгледа како „кинеска копија“ на српската пејачка.
Да потсетиме, Маја Шупут (45) е хрватска пејачка родена во Загреб, а многумина ја нарекуваат „кралица на свадбените веселби“.
фото: printscreen/instgaram/majasuput/karleusastar