Радио Милева таленти

Гордост во низа: Синовите на Андријана Јаневска и предизвикаа експлозија од емоции (фото)

Гордост во низа: Синовите на Андријана Јаневска и предизвикаа експлозија од емоции (фото)

Среќата, радоста, задоволството и гордоста продолжуваат за Андријана Јаневска.

Изворот на ова се нејзините синчиња Димитар и Кристијан кои апсолутно ги повлекле гените за талент во музика од мама и тато.

Па така, на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер кој се одржа во Штип, прво ја направи горда нејзиното поголемо синче Димитар со успехот кој го постигна во пијано и освоеното второ место.

Ништо помалку истото за мама и секако за себе го направи и помалиот Кристијан.

За разлика од бато кој беше меѓу инструменталистите, Кристијан зема прво место во поп пеење.

Мама Андријана не можеше да пропушти да го пофали и помалиот наследник, па напиша дека е горда мајка по вторпат.

-Горда мама по вторпат! Кристијан Гиновски освои ПРВА награда на Меѓународниот фестивал “Сергеј Михајлов” во Штип, категорија ПОП и ЏЕЗ пеење, се пофали Андријана.

Задоволството, аплаузите и насмевките не застанаа тука, затоа што за Андријана и се околу неа е прилепено на успехот. Освен синовите прво место во жанрот џез и популарна музика по пеење земаа и нејзините студентки од Факултетот за Музичка уметност чиј професор им е таа.

Горда мајка, ама и горда професорка. Поубаво не можеше да биде. Честитки!

фото:Instagram printscreen/ andrijana_janevska

To top