Радио Милева прво запознавање

Гордиот татко Миро Кацаров го покажа новороденото синче

Гордиот татко Миро Кацаров го покажа новороденото синче

ТВ водителот Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана пред нешто повеќе од една недела, поточно на 12. Ноември, станаа родители, Миро за првпат, Ивана по вторпат.

Мајката се пориоди на државната клиника во Скопје, па откако поминаа првите постородилни болнички денови, мајкта и бебето стигнаа дома.

-Од сега па на даље, ќе живееме за нашите две деца. Миа и Тадеј. Фала ти господе за даровите што ни ги даде – стои во описот на една од неодамнешните објави гордите родители.

За време на бремноста, Миро и Ивана беа транспарентни за тоа колку се возбудени што доаѓа наследник, а јавноста имаше прилика да види многу детали од исчекувањето, па дури од моментот кога дознаа дека ќе се роди машко.

Од старт го открија и името на бебето кое се вика Тадеј, а така отворени и без резерва се и сега кога наследникот е веќе дома. Мама и тато за првпат го покажаа и на социјалните мрежи и го направија неговото прво запознавање со светот.

Тадај сега е фокусот на семејството кој оваа есен им ја направи обоена во најубавите бои.

фото:Instagram printscreen/miroslavkacarov

To top