Радио Милева хит

Горан Бреговиќ изведе песна на Сандра Африка – шокантно видео кружи на интернет (видео)

Горан Бреговиќ изведе песна на Сандра Африка – шокантно видео кружи на интернет (видео)

На социјалната мрежа ТикТок се појави видео старо неколку години  во кое Горан Бреговиќ го изведува добро познатиот хит на Сандра Африка.

Можете ли да ги поврзете легендата на југословенската рок музика, Горан Бреговиќ и поп-фолк пејачката  по која воздивнуваат многу мажи, Сандра Африка?

Иако звучи невозможно, Брега успеа со гитарата да го изведе големиот хит на згодната пејачка.

Имено, тој пред неколку години кога гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ со гитарата почна да ја пее песната „Неко че ми ночас направити сина“!

Watch on TikTok

Како што истакна, таа песна на Сандра Африка според него е добра!

Водителот Огњен Амиџиќ со ентузијазам му се придружи на Брега во изведувањето на хитот, а по завршувањето на емисијата и пејачката ја сподели снимката.

фото: printskrin/instagram/goran_bregovic_fan page /sandraafrika.official

To top