Откако активно почна со настапи низ клубови и дискотеки низ земјата, маладата кумановка Мартија Станојковиќ и тоа како е посветена на изгледот, провокацијата и доминацијата на сцена. Мартија се дава до максимум и е во полна снага.
За пејачките, голотијата како дел од визуелниот изглед на сцена важи од поодамна, така што ретко која, особено од помладите, не покажала гол стомак, гради на мегдан, ултра високи шлицови… А се’ тоа како сосема нормален и незаобиколен дел од шоубизнисот.
View this post on Instagram
Талентираната кумановка дефинитивно е во оние млади следбенички на естрадните трендови, а сега пак откако јунските температури скокнаа до плафон, облеката едноставно оди во „аут“.
За да биде што послободна, а притоа да го запази сексапилот и провокацијата, Мартија избрала да носи црн плетен макси фустан кој повеќе открива отколку што сокрива.
Особено во пределот на деколтето, струкот и грбот кој е гол или само на неколку врвки.
А одзади, две врвки и кај задникот од црната танга која беше на мегдан.
„Пијте ја вашата вода, топло е тука“ напиша таа во описот на фотографиите, сосема свесна за тоа дека од ваквата комбинација ќе гори, на плажа, ама и на социјалните мрежи!
фото:Instagram printscreen/ martijastanojkovic/ Facebook