Фолкерката Сузана Гавазова годината ќе ја испрати работно, а и Новата ќе ја дочека на истиот начин- со „жетва“ кај дијаспората во Чикаго.
Ред стих, ред бакшиш, насмевки, па фотка за новогодишен спомен, Сузето ќе ја заокружи 2025-та далеку од дома, но со густо набиена агенда за добра новогодишна забава и секако добра заработка.

А за се’ да биде во пакет пред публиката што ја сака и почитува, Сузана се „скоцка“ во свој стил, провокативно и празнично светкаво во бела тоалета која го кочи погледот.
Бујните гради ги пушти на слобода, а пак станичниот отвор од кој ѕирка раскошната педница ја прави опасна за око.

Песни за душа, ама и провокативен стислки репортоар без кој таа не би била тоа што е!

Атмосфера и забава за паметење со македонската фолк ѕвезда која 2026-та ја почнува во Америка и студениот Чикаго кој барем за нашинците кои ќе слават Нова Година со Сузе, температурите и тоа како ќе растат.
Фото:Instagram printscreen/ suzanagavazova




