Македонската поп-фолк пејачка и гајдаџика, прилепчанката Елена Јовческа, пред нешто повеќе од еден месец стана мајка на здраво и живо женско бебе кое го носи името Талија.
Мајчинството е најубатата и најблагородната улога дадена од Бога, а Елена е благословена да ја живее и ужива со полни гради мајчинска љубов.
Сега, на 40 дена од доаѓањето на Талија на свет, следеше и црковниот молитвен облед, кој мајката како православна христијанка го испочитува пред Бога.

Веќе откако се’ помина по редот како што треба, мама Елена правец во фото- студио за пред камера да го овековечи моментот пред првиот Божиќ и Нова Година на малата наследничка.

Слатката Талија облечена во црвена бебешка облека, блесна како најслатко бонбонче пред фото- објективот, а резултатот осамна јавно како прво запознавање со јавноста.

Елена го запази трендот кој владее кај мајките од поново време, па ќеркичката од пелени ја доби првата фотосесија заедно со мама.

Инаку, Јовческа ја криеше бременоста за пошироката јавност, како и тоа кој е среќниот татко на малечката Талија, ама тое е веќе лична и длабоко интимна работа.
Исто така, уште пошокантна беше објавата дека младата родилка, веќе ја објавила предновогодишната агенда за настапи, зашто според Елена работата не смее да трпи заради ништо, па ни заради првата принова.

На само еден месец по породувањето, Јовческа започнува со предновогодишни тезги. Следува густо набиена агенда со настапи во Делчево, Виница, Лешани, а договорен настап има и за дочекот на Нова Година.
Веројатно, љубовта е главниот извор на енергија која и тоа како ќе и биде потребна периодов што следи.
Наздравје молитва Талија!
фото:Instagram printscreen/jovceskaelena






