Радио Милева животни патишта

Еве која била првата работа на Лепа Брена, ја нашла преку оглас, а нема врска со музика (фото)

Еве која била првата работа на Лепа Брена, ја нашла преку оглас, а нема врска со музика (фото)

Лепа Брена денес е позната како најголемата ѕвезда на Балканот, но малку е познато дека пред да стане славна  работела обична работа.

Пред нејзината голема музичка кариера, Брена била принудена да работи како дадилка за да добие нормални услови за живот. Со ова си ги обезбедила студиите во Белград и станот кај Ташмајдан.

Нејзиното семејство се состоело од пет члена. Татко со плата на медицински техничар и мајка со повремена заработка како шивачка. Таа со својата работа му олесни на семејството и обезбеди дополнителна финансиска помош. Пристигнувајќи во Белград да студира во 1979 година, таа успеа да најде работа која и обезбеди подобри услови за живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEPA BRENA (@lepabrenadiva)

Брена преку оглас стапи во контакт со младата брачна двојка Цвета и Томислав на кои им требаше дадилка за нивната ќерка Ана. Таа тогаш имаше само неколку месеци. Во замена за грижата за Ана.

Mладиот пар платил мал стан на Ташмајдан. Тоа бебе денес се испоставува дека е пејачката Ана Штајдохар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA ŠTAJDOHAR (@ana.stajdohar)

– Навистина не се сеќавам на тој период, бидејќи бев бебе. Она што го знам е она што го слушнав од моите родители. Тогаш Лепа Брена беше само Фахрета Јахиќ, таа живееше во мал стан што и го изнајмија моите родители, долу под Ташмајдан, кај Палилулска. Инаку, таа работеше како бебиситерка и ме чуваше кога немаше никој. Набрзо нејзината кариера тргна во нагорна линија, а од тој период остана оваа симпатична анегдота. Исто така, може да се каже дека Брена некако ме предодреди да се занимавам со музика – изјави Ана еднаш за српските медиуми.

фото:Instagram printscreen/ lepabrenadiva/ ana.stajdohar

To top