Промотер

Емотивна експлозија: Огнен Здравковски ја претстави новата песна „До неба“ (видео)

Емотивна експлозија: Огнен Здравковски ја претстави новата песна „До неба“ (видео)

Македонскиот поп-пејач со моќен вокал, Огнен Здравковски, уште еднаш ја освои домашната и регионалната сцена со лансирањето на неговиот најнов музички проект насловен „До неба“.

По низата песни, еден од препознатливите пејачи од помладата генерација се враќа со нова пасна и овој пат на српски. Песната веднаш по премиерата на социјалните мрежи и на неговиот официјален YouTube канал предизвика позитивни коментари од неговите верни фанови и колеги.

 

„Уживајте во новата песна ‘ДО НЕБА’! Лајкнете, коментирајте, споделувајте!“, напиша Огнен на својата официјална Facebook страница, споделувајќи ја радоста за новиот проект со јавноста.

За песната од музиката и аранжманот се потишува Димитар Андоновски, дедека за тектот Милан Милетиќ.

Здравковски успешно балансира помеѓу интимните, тивки строфи и експлозивниот рефрен од песната, додека инструментализацијата е модерна, но во исто време содржи класични поп-елементи. Слоевитите придружни вокали и динамичната ритмичка секција градат епска атмосфера која целосно го оправдува насловот „До неба“.

фото:You tube printscreen/Ognen Zdravkovski

To top