Ситно броиме до крајот на 2024 и почетокот на 2025 година. Наближуваат Новогодишните и Божиќните празници, период кога се украсуваат домовите во новогодишно руво, кога семејствата се собираат, се купуваат подароци, се замислуваат желби….
Некои од познатите веќе го покажаа новогодишниот амбиент во домот.
Македонската водителка Милена Антовска Станковска на својот „Инстаграм“ објави видео и ја покажа новогодишната елка, богато украсена и секоја Нова Година во ново руво.
Дека имале доста работа во украсувањето и дека поминале некоку часа исполнети со забава, покажува моментот што новогодиното дрво тежи од лампиони и разни украси.
Милена сними едно видео од домашниот амбиент кој сакаше да го покаже и да се пофали како е нај неа годинава.
Во фокус секако украсите со имињата на малите принцези Лана Марија и Јоана кои сигурно се најсреќните за домашната магија која им ја донесоа мама и тато, а допрва и Дедо Мраз.
фото:Instagram printscreen/milena_antovska