Радио Милева шок издание

Елена Ристеска со драстична промена на изгледот праша „Сакате ли да ме видите со силиконски усни?“, па следеа лавина реакции

Елена Ристеска со драстична промена на изгледот праша „Сакате ли да ме видите со силиконски усни?“, па следеа лавина реакции

Елена Ристеска уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на социјалните мрежи со само една објава.

На својот официјален Инстаграм профил таа сподели неочекувано видео на кое нејзините усни изгледаат драстично зголемени и потечени, што веднаш предизвика загриженост и лавина од коментари кај нејзините следбеници.

За разлика од повеќето естрадни ѕвезди кои личниот изглед го менуваат со пластични операции, Елена веднаш појасни дека не посегнала по вештачки филери, туку направила козметички третман за трајно контурирање и тетовирање на усните, чија примарна и сосема нормална реакција е токму привремениот оток.

Гледајќи го својот моментален одраз во огледалото, пејачката реши малку да се пошегува на своја сметка, па јавно ги праша фановите дали сакаат да ја видат со вистински силиконски усни, по што веднаш наиде на силен отпор од публиката која порача дека нејзиниот природен изглед е беспрекорен и дека никако не смее да прави такви естетски експерименти во иднина.

Овој естетски момент доаѓа набрзо откако Елена неодамна го прослави својот јубилеен 40-ти роденден со гламурозна фотосесија, најавувајќи дека помудра и поискусна влегува во сериозно ново поглавје од својот живот.

На професионален план, Елена балансира помеѓу музичката сцена и нејзиниот приватен бизнис со козметичкиот бренд Era Cosmetics, кој веќе неколку години опстојува на пазарот и на кој таа му е максимално посветена, развивајќи нови линии на парфеми и производи за нега.

Инаку, „Ме боли за сè“ е последната официјално објавена песна на Елена Ристеска на македонски јазик, со која таа направи големо музичко враќање кон крајот на ноември 2024 година, за следно со песна на српски јазик „Muka mi je“, настапи како специјална музичка гостинка на црногорскиот избор за Евровизија.

фото:Instagram printscreen/elenaristeska_era/ @miki_manca_photographer

To top