Лето речиси уште и не почнало, а жештините веќе се пуштени на најсилно! Речиси 40-ка секој втор ден, зашто третиот врне истура. Чудно некое лето?! Или е пекол или е поплава!
Но, времето никако не ја спречува битолската фолкерка Марија Луиса Тодоровска опуштено да ужива во летната идила. Та таа била само и на лулашка. А на неа, Марија онака оптегната и распиштолена, ја мачи само една дилема: „Зошто овие неженетиве момчиња не се така упорни како оние женетите?“ Одоговорот ќе го дознае откако ќе се омажи, ако реши да се мажи!
Во меѓувреме, престојувањето надвор на отворено станува неподносливо, па Марија и другарка и влегле внатре под клима, малку да се потсетат на зима. Покрај аеро-разладувањето, сладоледот е уште едно ем освежувачко, ем слатко задоволство. А може да биде и забавно! Особено ако решите со другарката да се впуштите во натпревар на лижење сладоледи.
Дисциплината иста, само реквизититите се различни… Едната повеќе го сака на стапче, другата во корнет.
Едната лижни, другата лижни…
Едната лапни го па гризни, другата исто така по неа…
Само што корнетот може и да се грицка секако, а стапчето – никако!
Откако онака засладени експлицитно ги демоинстрираа своите орални вештини, одлуката која подобро тоа го прави, тешко дека можела да се донесе, зашто од она што е прикажано делува дека умеењето е подеднакво, или спортски кажано – нерешено!
Затоа победникот требало да се реши во баражот, со нова дисциплина – конзумација на сладолед од кутија!
Марија прва се фати за лажичето, па откако на штоперица и мереа за колку ќе „ис’рка“ половина кутија, редот дојде на другарката. Неа до душа не ја видовме како и колку тоа брзо го прави во оваа дисциплина, ама затоа видовме нешто друго.
Всушност, од Марија Луиса и другарка и’ во натпреварот на лижење сладоледи видовме се’… А, победникот?
Која тоа го прави повешто – им се кажа самото! Или на победничката само така и се причинило?
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska