Времето малку ни се смилува со некој степен пониски температури и некоја капка дожд, но сепак желбата за бегство на море или планина стои кај секој од нас.
Сепак, работните обврски се тука, независно дали надвор е пекол, ама излезот секогаш постои кога ќе дојде вистинското време- годишниот одмот. Е токму тоа време дојде и за ТВ водителката Милена Антовска Станковска која е на ред да ги користи деновите за одмор и пауза од пред камерите.
Ден по ден, емисија по емисија, Милена стигна до тоа да ги спакува куферите за семејството, со своите ќеркички и сопругот да замине на море.
-Се смеам затоа што после емисија заминувам на моренце, напиша во описот на видеото.
Дури од од самата помисла дека најпосле и дојде редот, таа се дотера за последната емисија и работно утро, се насмевна под соцето и со позитивна енергија тргна во остварување на задачите пред големото препуштање на уживањето кое и следи претстојните денови.
View this post on Instagram
Работата ја остава на колегите од следниот работен ден, а дотогаш Миленчето ќе паузира и ќе ги полни баретиите. Сигурно следно од неа ќе биде поздравот од море кој ќе го праќа преку своите профили на социјалните мрежи.
фото:Instagram printscreen/ milena_antovska