Македонската пејачка и харфистка Сара Мејс е една од познатите дами која нема никаков проблем да експериментираа со имиџот и изгледот, односно фризурата.
Голем доказ за тоа се видеата и фотографиите кои ги споделува на социјалната мрежа Инстаграм поради кои следбениците ги остава без зборови.
Имено, Сара нема проблем за било која пригода да се појави во посебно издание со кое ќе остави впечаток и ќе привлече внимание.
Без разлика дали е со кратка фризура, со екстензии или бојадисана во некоја друга нијанса, пејачката секогаш е расположена да оди напред со експериментирање.
Трансформациите за неа не претставуваат проблем, а таа со задоволство ги покажува и ги споделува идеите и пред пошироката јавност.
Но, очигледно нејзините промени не се случајни, туку пејачката сега на сите им призна и го откри главниот виновник за тоа .
На најновото „стори“ таа сподели краток клип на кој позира со новиот изглед па не додржа и напиша дека фризерот е оној кој за неа смислува нови фризури.
– До кога ќе смислува нови фризури ? – стоеше во описот на видеото каде го означи и салонот кој редовно го посетува.
Па така пејачката и харфистка независно во кое расположени е и за која пригода се подготвува секогаш успева да го смени личниот опис и да предизвика реакции од обожавателите благодарение на идеите од нејзиниот фризер.
Фото: printskrin/instgaram/sarahmace__