Бројни песни од Дино Мерлин, со кои многумина страдаа и тагуваа за несреќните и изгубени љубови, беа создадени во неговата работилница.
Многу од нив следат интересни животни ситуации, со кои пејачот се сретнал во текот на својот живот.
Еден од најголемите хитови „Мој je живот Швицарска“ е исто така создаден како резултат на интересна ситуација.

Имено, тој бил заљубен во девојка која била спонзоруша, таа го оставила и отишла во Швајцарија со богато момче. Кога станал славен, таа се вратила и тогаш тој ѝ ја напишал оваа песна.
Љубовната приказна на Дино и неговата сегашна сопруга Амела била многу комплицирана.
Тие биле од различни касти, а таа дури и избегала за да се омажи за него. Денес, тој вели дека нејзините родители го сакаат повеќе отколку што заслужува, а нивната љубовна приказна го инспирирала да ја напише песната „Кад си рекла да ме волиш“.

Мерлин бил исклучително нежен кон својата мајка, која имала многу турбулентен однос со неговиот татко, кој ги напуштил. Откако таа починала, тој ѝ ја посветил песната „Недостајеш“.
Во еден момент од својот живот, Мерлин завршил на лекување во Германија. Тој бил на психијатрија, сè во неговата душа се средило и тогаш ја напишал песната „Ја потпуно трезан умирем“.
фото:instagram printscren/dinomerlin




