Со целосно бела и ретка коса, темно сина тренерка и остарено лице, на многу луѓе би им требало време да го препознаат поранешниот Џејмс Бонд, Пирс Броснан.
Во моментов, актерот работи на снимањето на филмот „Џинот“, во кој е прикажаната приказната на едно од најважните пријателства во историјата на боксот, а една од главните улоги ја толкува Пирс Броснан.
За новиот проект, Броснан ја презеде улогата на Брендан Ингл – боксерскиот тренер роден во Ирска, кој го водеше британскиот боксер Насим Хамед по патот до најуспешните.
Актерот е фотографиран на сетот, а додека јавноста е навикната да го гледа во скроени одела во улогата на агентот 007, 70-годишниот актер таквите изданија ги замени за сина тренерка на Адидас.
Шминката и облеката го трансформираа во Ингл, заедно со ретка и седа коса. Подигнувајќи ги тупаниците откако ја видел камерата, Пирс бил расположен на филмскиот сет во Јоркшир.
„Џинот“ ќе ја следи животната приказна на Насим, кој има британско-јеменско потекло, додека тој се пробива низ светот на боксот за да стане една од најпознатите британски спортски ѕвезди на сите времиња.
Приказната ќе го следи од неговите скромни почетоци во работничката класа Шефилд и необичниот тренинг низ кој поминал со Ингл за да постигне меѓународен успех.
Во текот на 80-тите и 90-тите, Насим мораше да се соочи и да ја надмине неконтролираната исламофобија и расизам за да доминира во рингот.
фото:Instagram printscreen/ piercebrosnanofficial/ splashnews