Јелена Карлеуша веќе две децении е дел од естрадната сцена. И покрај тоа што е ќерка на познатата новинарка, покојната Дивна Карлеуша, таа својата музичка кариера ја градеше постепено и темелно. Иако постојано истакнуваше дека времињата се смениле и дека младите пејачи повеќе не мора да ја започнуваат кариерата по кафеани и на приватни забави, а самата беше строго против тоа, сега се појави видео од една приватна забава, во која таа беше онаа што го користи микрофонот.
Имено, Јелена во неколку наврати потенцираше дека никогаш не пеела по кафеани, но овој пат јасно се гледа дека прави преседан, па наводно на една свадба на која била почесен гостин го земала микрофонот и ја довела атмосферата до транс.
Гостите воодушевено ја поздравиле Карлеуша кога таа се појавила во свечената сала, а потоа поп-фолк дивата го зела микрофонот и ја отпеа песната на Синан Сакиќ „Судбината ме праќа на пат“. Јелена во еден момент ќе се качи на столица, додека гостите навиваат и пејат заедно со неа. Со неа беше и нејзината колешка Снеки, а видеото кое беше објавено набрзо стана вирално.
@estradni_hunter_007 #fyp #jelenakarleusa ♬ original sound – Estradni Hunter 007