Стартот на есента е резервиран за нови почетоци, а ова вежи и за телевизиите кога програмата е во прашање. Па така, веќе навикнавме од септември да гледаме нови сезони, како на серии, така и на веќе познати кулинарски и гејм шоуа.
Полуларната кулинарска емисија „Брза кујна“ наскоро ќе ја отпочне 12-тата сезона по ред, а стартот го најави и повикот на телевизија Сител за пријавување на сите заинтересирани кандидати.
Дека веќе се работи на снимањата, потврди и водителката Сања Савеска која ја објави и првата фотографија од поставата која уште една сезона по ред попладневно ќе ги забавува и инспирира гледачите кои сакаат да гледаат ваков формат за реаласација и стекнување некоја кулинарска вештина.

Генерално во „Брза кујна“ се’ е исто, освен шеф Никола, навидум тој, ама речиси едвај го препознавме.
Познато е дека Никола изминатите неколку месеци напорно работеше на себе и својот изглед, а сегашниот резултат со симнати повеќе од 35 килограми е навистина импресивен, а трансформацијата неверојатна од сезона во сезона!
View this post on Instagram
Веруваме дека шеф Никола со новиот стил на живот веќе навикнал да одолева на предизвикот постојано да биде пред вкусните специјалитети кои ги приготвува.
Снимањта ги започнаа со позитивна енергија и многу смеа, особено за време на кафе- паузите каде шеф Никола е задолжен за кафето, секако по негови стандарди од здравите навики, задолжително кафе без шеќер.
View this post on Instagram
Горко кафе, ама слатко дружење кое и гледачите ќе имаат прилика уште една сезона да го следат преку ТВ екраните, ама и посредно како асистенти на шефовите.
фото:Facebook / Brza kujna/ Instagram printscreen/sanja_saveska






