Водителката Сања Кужет со години го водеше музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а многумина не знаат дека пред телевизиската кариера се испробала и во актерските води. Во 2006 година остварила улога во тинејџерската хорор-комедија „Шејтанов ратник“, во периодот кога имала само 23 години.

Во ова остварување Сања го толкувала ликот на убавата Сенка, ученичка која се префрлила од една гимназија во друга и набрзо ги освоила симпатиите на своите соученици.

Кулминацијата на нејзината улога носи многу драматични сцени на крајот од филмот. Ликот што го толкува Сања Кужет за малку ќе стане жртва, но во последен момент доаѓа до пресврт. Од канџите на злото ја спасува актерот Радован Вујовиќ, кој во филмот се појавува како принц на бел коњ.

Интересно е да се напомене дека Сања својата кариера во новинарството и водителството ја започнала неколку години пред да го сними филмот „Шејтанов ратник“. Сепак, улогата во оваа хорор-комедија ѝ донела дополнителна популарност, а уште од тој период важи за една од најубавите жени на регионалната јавна сцена.
„Останав затекната од тоа колку сите навивате да се вратам“
Да потсетиме, Сања Кужет, која најголемата популарност ја стекна како лице на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, по 13 години одлучи да го затвори ова поглавје.
„Обично не пишувам вакви работи, но не можам да му одолеам на чувството на благодарност што ме обзеде во изминатите неколку дена. Колку само повици и пораки за поддршка добив од пријателите, колегите, од вас кои ме следите и поддржувате. Навистина останав затекната од тоа колку сите навивате за тоа да се „вратам на ТВ“. Коментарите ви се толку инспиративни и неверојатно е што секој ме гледа со други очи во различни телевизиски формати, што дури и ме насмеавте. Ви благодарам бескрајно! Едно е сигурно, нема да ве разочарам“, напишала Сања Кужет по тој повод.
Foto: YouTube/ smanxxx /printscreen/ Šejtanov ratnik/sanja_kuzet







