Радио Милева романтика и гламур

Бајка што почна под шпанското сонце, а заврши во Скопје: Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски ги покажа досега невидените свадбени фотки и луксузот од медениот месец

Бајка што почна под шпанското сонце, а заврши во Скопје: Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски ги покажа досега невидените свадбени фотки и луксузот од медениот месец

Еден од најдобрите македонски чувари на мрежата, Столе Димитриевски, реши на посебен начин да ги почести своите бројни обожаватели и јавноста.

Неполн месец по гламурозната и раскошна свадбена прослава во Скопје, нашата фудбалска „единица“ на својот Инстаграм профил сподели преубав и богат свадбен албум.

Иако на самиот ден на венчавката, (26. Јуни) во медиумите протекоа само неколку куси видеа, парот тогаш реши најинтимните моменти да ги задржи за себе и за своите гости.

Но, чекањето вредеше! Столе сега ги отвори архивите и покажа досега невидени кадри од, како што вели, најубавиот ден во неговиот живот.

Свадбениот ден започна со почитување на традиционалните македонски обичаи во домот на семејството Димитриевски во Куманово, каде во весела атмосфера чукнаа свадбените тапани.

Веднаш потоа, свеченоста се пресели во Скопје, каде парот направи црковна венчавка во Соборниот храм, а гламурозната забава се одржа во прекрасниот амбиент на позната скопска винарија.

На фотографиите блеска неговата сопруга Ирина Јанкуловска, која носеше отмено корсетирана венчаница со долги ракавици од деликатна тантела, а подоцна се пресоблече во блескав фустан со длабоко V-деколте.

Столе, пак, изгледаше неверојатно елегантно во бел свечен смокинг. Меѓу гостите беа и голем број сегашни и поранешни колеги од фудбалската репрезентација на Македонија.

Оваа голема прослава всушност беше крунисување на нивната романса која веќе подолго време ја градат во Шпанија.

За потсетување, парот веќе склучи интимен граѓански брак во тесен круг во Валенсија во декември минатата година, па затоа едвај го дочекаа крајот на фудбалската сезона за да прослават со сите пријатели во татковината.

По гламуроцната свадба во Скопје, новопечените сопружници веднаш заминаа на заслужен одмор.

Како дестинација за својот меден месец тие го избраа магичното Палермо, Италија.

Таму уживаат и престојуваат во ултра-луксузн хотел лоциран на самиот морски брег, од каде постојано споделуваат прекрасни и романтични кадри.

фото:Instagram printscreen/stole_gk

To top