Популарниот пејач на народна музика Ацо Пејовиќ со години градеше музичка кариера, понекогаш, како што и самиот знаеше да признае, занемарувајќи го дури и семејството поради тоа.
Но, кога столбот на куќата е силен, а во случајов тоа беше сопругата на Ацо, Билјана, тогаш пречки за успех на сите полиња не постојат.
И додека настапуваше низ светот, Биља секојдневно се грижеше за нивните три деца.
Понекогаш не и беше лесно, но знаеше дека тие се најважни, поради што никогаш ништо не и беше тешко. Тие израснаа во убави млади жени, кои веќе прават големи планови за иднината, а нивните родители се нивната најголема поддршка во тоа.
Ацо продолжува да чекори по патеките на успехот кога е музиката во прашање, а неодамна имаше и промоција на својот нов албум. На неа Билјана се појави и пред насобраните новинари на конференцијата одржана во Белград. Сите забележаа дека е многу убава, а белиот, едноставен фустан, модерен крој, со големи џебови не остана незабележан. Таа со години го поддржуваше својот сопруг, а сега јавно застана рамо до рамо со него и дојде до размена на емоции. Ацо често знаеше да каже дека и е бескрајно благодарен на Билјани за се што направи за него и децата, па дури и го посвети еден од најголемите хитови „Ти должам се“.
Иако ретко зборува за својот приватен живот во медиумите, еднаш на гости во една емисија Ацо раскажа како тој и неговата избраничка се запознале.
– Билјана беше од угледно професорско семејство, а јас работев во кафеана. Таа тогаш дојде таа вечер и нешто ми го пресече стомакот. Тогаш имав околу 20 години. Потоа се сретнавме во друга кафеана што ја поседував, а таа дојде со приказната дека ме поздравил еден пријател од Подгорица. Тогаш тоа беше само шега, затоа што таа вечер се „смувавме“. Тогаш беше четврто средно, се забавувавме седум дена и по матурската вечер решив да ја запросам. Таа се согласи, но под еден услов да и дозволам да го заврши факултетот. Така беше и сега сме во брак 27 години.
фото: printskrin/instagram/na_dlanu