Свадбата на пејачката Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцоски е главна тема во јавноста и медиумите откако почнаа да објавуваат моменти од нивниот голем ден.
10-ти март ќе биде датумот кој ќе го паметат по тоа дека си ветија љубов бред Бога, а истото го прославија заедно со 300 гости во еден познат скопски ресторан.
View this post on Instagram
Ако за време на веселбата младоженецот беше поактивен на социјалните мрежи, невестата се активираше подоцна откако малку се одмори и делумно слегнаа впечатоците.
Па така, ако вчера објави видео од тоа како течеле подготовките за нивната свадба од соништата, сега Антониа ги селектираше најубавите фотографии од фотосесијата на младите кои се реши да ги објави јавно и да ги збогати своите профили со овие „наместени“ овековечени свадбени фото- моменти.
На повеќето од избраните е само таа како позира во венчаницата, на дел со саканиот, а на една му отстапи простор и на стилистот.
Сепак, место на фотографиите кои осамнаа јавно, место немаше за бебето Киан. Мама Антониа одлучи дури и од оваа свадбена фотосесија да не и го покаже наслледникот на јавноста иако синчето Киан беше фокус на нивниот голем ден.
Вака или така, невестата секако си доби коментари како што е ред дека е најубава, а пак зетот го критикуваа дека не направил добар избор на стајлин за свадба.
На едни не им се допадна лежерниот комплет на Роберт во боја на вино, додека други го бранеа со став дека секој може да се облече како што сака и се чувствува.
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa