Радио Милева овој пат роденденски

Анета повторно му поласка на саканиот: „Со тебе секој ден е подарок“:

Анета повторно му поласка на саканиот: „Со тебе секој ден е подарок“:

Љубовниот фото албум на фолк пејачката и нејзиниот нов партнер, кларинетистот Рубин Размоски веќе почна поинтензинво да се полни, секако оној за во јавност, приватната архива разбирливо си останува приватна.

Деновиве  Анета уште повеќе е тема во медиумите откако обелодени дека е среќно вљубена, и дека откако се разведе и го најде вистинскиот на љубовен план и цветаат ружи.

Дека Рубин е вистинскиот неколкупати изјави за тоа дека со него е како за првпат вљубена и дека перцепцијата кон нешата и е поинаква.

„Ме освои со тоа што е совршенство од маж. Од кога го запознав мојот партнер, буквално прогледав и го видов светот околу себе. “- кажа пејачката.

На Ането и „тече мед од уста“ кога зборува за саканиот, а сега со повод повторно го опсипа со убави зборови и искрени честитки.

-Со тебе секој ден е подарок. Среќен роденден да ми си здрав и жив, напиша таа во описот на најновата заедничка фотографија.

Инаку, Анета пред неколку дена беше гостинка на јубилејниот роденден на РТС, а таму пристигна во друштво на партнерот каде го претстави и пошироко од дома.

фото:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701

To top